ПСЖ ја достави првата понуда за Коло Муани, но Ајнтрахт ќе ја одбие 

Францускиот шампион ПСЖ и официјално достави понуда до Ајнтрахт Франкфурт тешка 65 милиони евра за напаѓачот Рандал Коло Муани.

„Скај Германија“ објави дека Ајнтрахт ќе ја одбие оваа понуда бидејќи отштетата што германскиот тим за својот напаѓач ја бара изнесува 100 милиони евра и нема намера да се ценка околу неа.

Сумата која Ајнтрахт ја бара за Коло Муани е преголема за ПСЖ, но медиумите најавуваат дека францускиот тим е подготвен за преговори иако нема намера да плати колку што бара бундеслигашот.

Германскиот тим има адут во преговорите со ПСЖ, тоа е договорот со Коло Муани, кој важи до 2027 година.

Напаѓачот минатата сезона во дресот на Ајнтрахт постигна 23 гола на 46 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести