Европскиот павк Пари Сен Жермен ја намали цената за играчот за врска Витиња, кој е цел на Реал Мадрид.
ПСЖ првично бараше астрономска сума од 130 милиони евра за Витиња, што според „Марка“ е премногу за Кралскиот клуб.
Со оглед дека Манчестер сити не сака да го продаде Родри, тренерот на Реал, Чаби Алонсо, го смета Витиња за најдобар избор за пополнување на празнината што остана по заминувањето на Тони Крос во 2024 година. Сега, сепак, Реал добива добри вести од Париз.
Откако првично бараа 130 милиони евра за португалскиот репрезентативец, челниците на ПСЖ, заедно со тренерот Луис Енрике, ја преиспитале ситуацијата и одлучиле да ги намалат барањата на 90 милиони евра, објави „Марка“.
Витиња има договор со францускиот гигант до 2029 година.
Реал Мадрид не се откажува ни од Родри, и покрај одбивањето на Манчестер сити да го продаде. Шпанскиот играч има договор со англискиот клуб до 2027 година, а неодамна од клубот најавија дека му подготвуваат одлична понуда за продолжување на договорот.
Сепак, 29-годишниот Родри не прифати ниту една од понудите од арапски клубови, што „Марка“ го толкува како добар знак за Реал Мадрид.
По заминувањето на Лука Модриќ ова лето и претходно на Тони Крос, трансферите на Витиња и Родри се главни приоритети за мадридскиот клуб.