Каде ќе игра Нејмар во следната сезона? Прашање кое сигурно ќе биде актуелно до крајот на летниот преоден рок. Бразилецот одби да се врати на тренинг во Пари Сен Жермен и побара да си замине од францускиот првак. Челниците на „светците“ потенцираат дека во Нејмар досега вложиле 300 милиони евра (трансферот му беше 222 милиони евра) и доколку некој сака да го купи, ќе треба да даде доволно пари.
Барселона е првиот фаворит за да го врати Нејмар на „Камп Ноу“. Според најавите ПСЖ веќе ја одбил првата понуда од каталонскиот гигант. Се работи за сума од 40 милиони евра, плус Филипе Кутињо и Усман Дембеле, но тоа е премалку за најдобриот тим во Франција.
Францускиот првак потенцира дека нема потреба од играчи, туку сака многу повеќе пари од клубот кој би сакал да го купи Нејмар.