Сопственикот на ПСЖ, катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, е подготвен да му ја исполни желбата на Нејмар да си оди само под услов да биде платено голема отштета.
Според шпанскиот „Ас“, сопственикот на ПСЖ му соопштил на Нејмар дека ќе си замине од „Паркот на принцовите“ ако некоја екипа плати отштета од 150 милиони евра.
PSG have told Neymar that they will not sell him for less than €150m.
— @diarioas pic.twitter.com/CR8csl2Pm1
— Barça Universal (@BarcaUniversal) August 9, 2023
Вчера главна вест во шпанските медиуми беше дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, заедно со агентот на фудбалерот, Пини Захави, работат на планот Нејмар преку Саудиска Арабија да пристигне на „Камп ноу“. Захави разговарал со претставници на Саудискиот инвестициски фонд на кои им предложил тие да ја платат отштетата која ја бара ПСЖ и потоа да го испратат Нејмар на едногодишна позајмица во Барселона.
„Ас“ денеска пишува дека сопственикот на ПСЖ ја одредил оваа сума бидејќи сака да го задржи Нејмар во тимот и следната сезона и смета дека Саудијците можат да платат толкава сума за Бразилецот.