Европскиот првак Пари Сен Жермен ја додаде и светската клупска титула откако го освои Интерконтиненталниот куп на ФИФА. Дури по пенали францускиот клуб славеше против бразилскиот Фламенго со 2-1, откако регуларниот тек заврши 1-1, а во продолженијата немаше поголеми возбудувања.
Бразилците не реализираа дури четири пенали, Саул Нигез, Педро, Лео Переира и Луис Араухо не беа прецизни, па ПСЖ го освои трофејот иако и Дембеле и Баркола промашија удар од 11 метри. Сепак, успешни беа Витиња и Нуно Мендеш, наспроти еден реализиран пенал на Фламенго од Николас де ла Круз.
Во регуларниот тек од натпреварот, ПСЖ поведе со голот на Хвича Кварацхелија во 38-та минута, а израмни Жоржињо од пенал во 62-та минута.
Со овој триумф, ПСЖ ги обедини европската и светската титула во меѓународниот клупски фудбал.

