Францускиот шампион Пари Сен Жермен е казнет со 100.000 евра за расистичка поделба на фудбалерите во младинските категории. Клубот новите играчи ги бирал според потеклото, а тоа е против француските закони за јавно објавување на лично, расно или етничко потекло.
ПСЖ не ги користел податоците за дискриминаторски цели, но сепак е казнет откако беа испрашани одговорните за доведување на играчи во периодот од 2013 до 2018 година.
Според документите кои се пронајдени, од скаутите кои работат во француската лига се барало да најдат по еден играч од Франција, од Северна Африка, црномурест играч од централниот дел на Африка или од Западна Индија.
Генералниот менаџмент на ПСЖ не знаел дека постои етнички систем за регистрација во одделот за ангажирање играчи во академијата, па генералниот менаџер на клубот, Жан Клод Блан, нема да биде казнет.