32.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

ПСЖ ќе биде последниот победник на Суперкупот во овој формат?

ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА откако на пенали го победи Тотенхем, во меч во кој играат победниците на Лигата на шампионите и на Лигата на Европа. Ова натпреварување своите почетоци ги има во 1972 година, но можеби Светците ќе бидат последните победници во овој формат на натпреварувањето.

УЕФА сериозно размислува од следната сезона да играат четири екипи, со полуфинале и меч за трофеј. Освен освојувачите на Лигата на шампионите и на Лигата на Европа, веројатно ќе настапи и победникот на Конференциската лига, а останува непознато која би била четвртата екипа.

Клубовите веројатно ќе се противат на оваа идеја бидејќи дополнително ќе се згусне и така густиот распоред, но последниот збор ќе го има УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести