ПСЖ ќе брка финале во Лигата на шампионите без својот најдобар фудбалер?

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер на ПСЖ оваа сезона со 33 гола и 12 асистенции на 45 меча, а токму тој беше стрелец и на победничкиот гол против Арсенал на првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Сепак, во вториот дел мораше да биде заменет поради повреда, а од таборот на „светците“ потврдија дека се работи за истегнување на мускулот на десната нога.

„Усман Дембеле има истегнување на мускулот на десната нога. Неговата состојба добро се развива, а наскоро ќе биде објавена новата проценка.“ – велат од ПСЖ.

„Светците“ викендов гостуваат кај Стразбур во првенствен меч, кој нема никакво значење за нив на резултатски план, со оглед на тоа дека од поодамна е познато дека ја одбранија титулата во Франција, сепак, Дембеле останува под знак прашалник за реваншот против Арсенал во среда.

- Оглас -

Најнови вести