Пари Сен Жермен ќе биде шампион на Франција за сезоната која официјално е прекината. Светците беа убедливи лидери во првенството, а властите на земјата решија дека поради пандемијата нема услови да се доигра шампионатот.
Во наредниот период се чека и официјално да биде потврдено дека ПСЖ ќе добие уште еден шампионски трофеј во своите витрини.
Моментниот изглед на табелата ќе биде прогласен како конечен исход за сезоната 2019/20.