ПСЖ на најдобар можен начин ја заокружи 2025 година, освојувајќи го и шестиот трофеј. Светците оваа календарска година ги кренаа трофеите од Лига 1, Купот и Супер купот на Франција, Лигата на шампионите, Супер купот на Европа и од Интерконтиненталниот куп на ФИФА.
Единствена дамка е поразот од Челзи во финалето на новото натпреварување, Светското клупско првенств во САД.
Сето ова се случи по заминувањето на најголемата ѕвезда на екипата, Килијан Мбапе, но и по назначувањето на Луис Енрике за тренер. Токму ова ги натера челниците на ПСЖ да размислуваат да му понудат на Шпанецот доживотен договор, нешто што е невообичаеано во светот на спортот.
Луис Енрике со својата работа, но и со пристапот ги воодушеви сите во Париз, па токму затоа и размислувањата се во тој правец, а за ова веќе се разговарало и во Доха, каде што се одигра и финалето на Интерконтиненталниот куп.

