ПСЖ ќе му понуди на Меси годишна плата од 100 милиони евра?!

Новинарот Франсоа Галјардо на својот профил на „Твитер“ објави дека Пари Сен Жермен ќе му понуди дури 100 милиони евра по сезона на Лионел Меси за да потпише нов договор со нив на уште една сезона.

Според Галјардо, Барселона нема шанса да го врати Меси, а Катарците, кои се газди на ПСЖ, не сакаат да дозволат Аргентинецот да се пресели во ривалската Саудиска Арабија.

Актуелниот договор на Меси со ПСЖ истекува на крајот на следниот месец.

 

- Оглас -

Најнови вести