Раководството на Пари Сен Жермен и дефинитивно нема да ја продолжи соработката со Маурицио Покетино по крајот на оваа сезона.
Елиминацијата од Ница, но и лошата игра што ја има тимот од Париз во последниве неколку месеци е јасен сигнал за управата да не му го продолжи договрот.
Зинедин Зидан е првата желба на Насер Ал-Келаифи и веќе во наредните денови се очекува двете страни да започнат преговори.
Зидан во моментов е слободен агент откако замина од Реал Мадрид, каде што во двата наврати откако седна на клупата, успеа да освои три трофеи од Лигата на шампионите едоподруго.