Францускиот првак Пари Сен Жермен речиси сигурно испадна од трката за да го добие потписот на Лионел Меси, ако може да се верува на натписите во реномираниот „Лекип“. Според францускиот весник, челниците на ПСЖ имале контакти со Жорге Меси, таткото на Лионел.
За жал на Светците, постариот Меси ги информирал дека неговиот син веќе има одбрано каде ќе ја продолжи кариерата, доколку навистина си замине од Барселона.
Манчестер сити е првиот фаворит за да го добие Меси кој најави дека сака да си оди од „Камп Ноу“, местото каде речиси две децении е дел од фудбалскиот свет.