Бразилецот Нејмар се наоѓа на радарот на Челси, објави весникот „Ле паризиен“. Според весникот, Сините кои летово останаа без неколку фудбалери, сакаат да ангажираат суперѕвезда која ќе го предводи нападот во новата сезона.
Слабата реализација минатата сезона го чинеше Челси пласман во европските купови и сопственикот Тод Боли, сака да ја исправи оваа грешка, и е подготвен да тргне по потписот со Нејмар.
Управата на ПСЖ нема да му прави проблем на Нејмар доколку сака да си замине, бидејќи така ќе се ослободи од големата плата на Бразилецот.
Ако се реализира овој трансфер, ПСЖ летово може да остане без трите најголеми ѕвезди, Лионел Меси веќе си замина и в недела ќе биде промовиран во Интер Мајами, а на излезни врати е и Килијан Мбапе за кого се очекува да се пресели во Реал Мадрид.