19.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

ПСЖ мора да исполни два услови за да го задржи Меси во тимот

Договорот на Лионел Меси со Пари Сен Жермен истекува за три месеци и останува енигма Аргентинецот каде ќе игра следната сезона. Според правилата, Меси може слободно да контактира и да преговара со било кој друг клуб, но засега на повидок нема екипа во која би можел да направи трансфер.

Според најавите, Меси не планира да ја напушти Европа, што значи дека ќе остане во елитниот фудбал. Француските медиуми пишуваат дека Аргентинецот е подготвен да ја продолжи соработката со ПСЖ, но францускиот првак мора да исполни два услови.

Меси сака во новиот договор да има плата како што има и сега, а тоа е околу 40 милиони евра годишно. Покрај платата, капитенот на аргентинската репрезентација бара и гаранција дека без разлика кој и да биде тренер, тој ќе има загарантирано место во стартниот тим.

Со овој услов дека мора да игра за ПСЖ, Меси сака да се осигура дека ќе биде во добра форма за настапот на Копа Америка следната година.

- Оглас -

Најнови вести