ПСЖ му даде милион евра по сезона на чудото од дете кое го „украдоа“ од Барселона

Чави Симонс е 16-годишниот тинејџер кој важеше за најголем талент од школата на Барселона по појавувањето на Лионел Меси. Симонс, Холанѓанецот кој неколку години беше дел од „Ла Масиjа“, наместо да остане на „Камп ноу“, си замина и сега е дел од Пари Сен Жермен.

Францускиот првак му понуди професионален договор на талентот и неверојатно поголема плата од тоа што требаше да ја добива во Барселона. ПСЖ го обврза Симонс да биде дел од клубот до 2022 година, а по сезона ќе заработува еден милион евра. Колку за споредба, Барселона му нудеше 100.000 евра годишно на најголемиот талент, што е 10 пати помалку од тоа што сега го доби во ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести