11.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

ПСЖ му ја покажа вратата на Донарума

Европскиот првак Пари Сен Жермен јасно му покажа на Џанлуиџи Донарума дека не смета повеќе на него откако италијанскиот голман беше исклучен од тимот за натпреварот за Суперкупот на Европа против Тотенхем што ќе се одигра во среда.

Тензиите меѓу клубот и Донарума се зголемија по прекинот на преговорите за нов договор бидејќи двете страни не се блиску до согласност. Договорот на европскиот шампион со Италија истекува следното лето, кога може да си замине како слободен агент. Сè укажува дека ПСЖ нема намера да го пушти бесплатно како што беше случај со Килијан Мбапе, туку планира да го продаде ова лето.

Клубот веќе се подготви за неговото заминување, доведувајќи го Лукас Шевалие од Лил како негова замена. Ако Донарума очекуваше да се бори за првотимско место, тренерот Луис Енрике јасно му порача дека тоа нема да се случи. Можно е Донарума веќе да го одигра последниот натпревар за ПСЖ, иако минатата сезона имаше голема заслуга за освојување на четири трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

Се очекува Донарума да замине во Премиер лигата, каде што Манчестер јунајтед е најголем фаворит за негов потпис. Интерес покажуваат и Челзи, Баерн Минхен и Галатасарај, додека Интер и Јувентус го следат, но тие не можат да ги покријат неговите финансиски барања.

- Оглас -

Најнови вести