Тренерот Луис Енрике донел одлука да не го обнови договорот со ПСЖ, иако раководството му понудило доживотна соработка. Според германскиот „Билд“, шпанскиот стратег ќе се раздели со парискиот клуб на крајот од сезоната, кога и официјално му истекува договорот.
Веста делува уште понеочекувано ако се земат предвид резултатите што Енрике ги оствари минатата сезона, кога го одведе ПСЖ до историски успеси и ја запечати најуспешната ера во историјата на клубот. Сепак, според достапните информации, клучниот фактор зад оваа одлука е неговата желба за нов професионален предизвик.
Шпанецот смета дека во Париз го дал својот максимум и дека е време за ново поглавје во кариерата. Дополнителна тежина на ситуацијата ѝ дава фактот што Енрике ќе биде слободен тренер на крајот на јуни, што го прави мошне привлечен за национални селекции, но и за европски гиганти кои планираат рестарт по Светското првенство.
Од друга страна, ниту актуелната сезона не тече според високите стандарди на ПСЖ. Светците не деливаат толку доминантно како претходно, со оглед дека моментно се на второто место во Лига 1, со бод заостанување зад Ленс, а во Лигата на шампионите се трети во групата, зад Арсенал и Баерн.
ПСЖ имаше намера долгорочно да го врзе Луис Енрике, но сѐ поевидентно е дека тоа нема да се случи.

