Менаџментот на Пари Сен Жермен е екстремно незадоволен од работата на Челзи во врска со пропаднатата позајмица на Хаким Зијех, а првите луѓе на Светците се толку лути, што најавиле дека веќе немаат намера да прават бизнис со англискиот клуб.
Се очекуваше Мароканецот вчера да премине во ПСЖ, но од Челзи трипати испраќале погрешни документи и трансферот не можеше да се комплетира навреме.
Зијех има договор со Челзи до 2025 година, но Сините во овој преоден рок ги донесоа крилата Михајло Мудрик и Жоао Феликс, па Зијех нема да има минутажа каква што посакува. Негов сон беше да заигра во ист тим со Мбапе, Меси, Нејмар и сонародникот Хакими, но тоа нема да се случи, барем не сезонава.
Во ПСЖ имале интерес и за други крила, но ги одбиле откако се фокусирале да го донесат Зијех. Вака останаа и без ниту една принова, па затоа се лути.