Веќе со месеци наназад Килијан Мбапе се поврзува со трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид.
Иако сè уште нема ништо официјално за преселбата на суперталентираниот Французин, и тоа наредното лето како слободен играч, тимот од Париз се подготвува за контраудар.
Според најновите информации, ПСЖ започнал преговори со Винисиус Жуниор.
Младиот напаѓач на Реал Мадрид игра во фантастична форма од почетокот на сезоната и е еден од најдобрите играчи во тимот.
Тешко е дека Реал Мадрид ќе се ослободи од услугите на Винисиус, кој ја има улогата на „наследник на Кристијано Роналдо“.