ПСЖ ја запиша 11-тата победа во Лига 1, откако на „Паркот на принцовите“ славеа со сигурни 2-0 против вицешампионот Лил. Моќниот воз на Томас Тухел проработи на аргентинско гориво, Икарди и Ди Марија се погрижија за новите три бода на Светците, со кои веќе прават двоцифрена разлика на табелата во францускиот шампионат.
Икарди стрелаше во 17-тата минута, а Данските доги потклекнаа и пред вториот Аргентинец од редовите на ПСЖ, Анхел Ди Марија, и неговиот погодок за конечни 2-0 во 31-та минута од мечот.
ПСЖ по 14 кола има вкупно 33 бода, засега 11 повеќе од Марсеј, додека пак Лил со претрпениот петти пораз сезонава останува на 19 бода.