ПСЖ на Мбапе му нуди нешто неверојатно, да стане „претседател“ на клубот само да остане во Париз!

Одбројани се деновите од договорот на Килијан Мбапе со Пари Сен Жермен. Францускиот репрезентативец на крајот од сезонава е слободен играч и без никаква отштета може да најде нов клуб.

Сепак, ПСЖ на секаков начин се обидува да го задржи Мбапе во своите редови, а според последните пишувања, се подготовува нешто неверојатно. Светските медиуми пишуваат дека Светците се подготвени на Мбапе да му понудат нешто неверојатно.

Освен годишната плата од неверојатни 56 милиони евра, Мбапе ќе има големо влијание на целиот проект. Тој ќе може сам да одлучува кој ќе биде новиот тренер на тимот, но и кои играчи се потребни да бидат донесени за конечно ПСЖ да стигне до посакуваната цел, а тоа е освојување на трофејот во Лигата на шампионите.

Речиси исти такви услови имаше Лионел Меси кога беше во Барселона, но Аргентинецот со каталонскиот гигант ги освои сите можни трофеи и донесе многу радости пред да го добие тој привилигиран статус.

Мбапе во ПСЖ дојде во 2017 година од Монако и трипати беше првак на Франција, но не успеа да се израдува на трофејот во Лигата на шампионите. Оваа сезона Мбапе постигна 36 гола, а имаше и 26 асистенции во 45 одиграни меча.

- Оглас -

Најнови вести