Иднината на Серхио Рамос во Реал Мадрид уште е неизвесна затоа што челниците на Кралскиот клуб уште не му понудиле нов договор на капитенот. Рамос бара повеќегодишен договор, но политиката на клубот е на играчите кои имаат над 30 години, да им нудат само едногодишни договори.
Најавите се дека Реал на Рамос му дава 12 милиони евра за една сезона, што е многу помалку од тоа што е подготвен да понуди Пари Сен Жермен. Францускиот првак е подготвен да му даде тригодишен договор на Рамос, и тоа вреден вкупно 60 милиони евра, што значи дека Шпанецот би добивал по 20 милиони евра за сезона.
Засега ова се само наддавања, а иднината на Рамос ќе се знае во следните неколку месеци.