ПСЖ не е Барса, на Меси не му дадоа да изведе пенал

Пари Сен Жермен и Лион играат интересен дерби-меч на кој гостите поведоа со гол на Лукаш Пакета, а изедначи неговиот сонародник Нејмар од пенал.

Кога судијата досуди пенал за Светците, се очекуваше да се види дали можеби ќе му се дозволи на новото засилување Лионел Меси да шутира од белата точка. Тоа не се случи, хиерархијата во ПСЖ е поинаква од таа во Барселона додека Меси играше таму и од аргентинската репрезентација. Пеналот го шутна Нејмар, кој даде гол. Меси имаше една пречка од слободен удар и ќе почека друга прилика за прв гол во дресот на неговиот нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести