Гонзало Рамос веќе нема да игра како позајмен фудбалер во ПСЖ бидејќи Светците уште сега одлучија да ја активираат клаузулата.
Португалецот во летниот преоден рок пристигна во ПСЖ како позајмен играч од Бенфика, со можност за откуп на неговиот договор за 80 милиони евра.
Челниците на ПСЖ одлучија уште сега да ја платат бараната сума и веднаш потпишаа договор со Португалецот до 2028 година.
https://twitter.com/PSG_Report/status/1727387464283848768
Напаѓачот минатата сезона блескаше во дресот на Бенфика и на 47 натпревари постигна 27 гола, но сезонава поради привикнувањето на новата средина, има послаб учинок во ПСЖ постигнувајќи само два гола на 15 натпревари.
Челниците на ПСЖ сметаат дека времето работи за Рамос бидејќи има само 22 години и во наредните сезони очекуваат да блесне во сиот сјај.