ПСЖ оваа сезона освои четири трофеи на домашна сцена, како и Лигата на шампионите, но доживеа дебакл во финалето од Светското клупско првенство. Поразот од Челзи со 3-0 како да им падна тешко во редовите на „светците“, па клубот уште летово ќе го напуштат дури 11 фудбалери.
Шкринијар, Мукиеле, Солер, Асенсио и Коло Муани беа на позајмици, но според информациите од Франција, нитуеден од нив не покажал дека може да добие место во составот на Луис Енрике и на петмината им е порачано дека се слободни да си бараат нови клубови.
Слична порака добиле и Москардо, Ернандес, Бералдо, Ли и Рамош, кои имаат активни договори со ПСЖ, но Луис Енрике нема да смета на нивните услуги во иднина, па доколку сакаат минутажа, слободни се да си заминат.
Единствено останува неизвесна судбината на голманот Џанлуиџи Донарума, кој има договор на уште една сезона, но се уште го нема продолжено договорот. За неговите услуги има интерес од неколку екипи, па раководството на „светците“ дополнително треба да одлучи дали ќе го продаде или ќе го задржи уште една сезона, па следното лето ќе си оди како слободен фудбалер, секако, доколку во меѓувреме не го продолжи договорот со ПСЖ.