Екипата на Пари Сен Жермен со 2:0 славеше над Тулуз во меч од 12 коло на француското првенство. Со овој триумф ПСЖ стигна до 32 бодови, шест повеќе од второпласираниот Монако кој е втор со 26 бодови.
Жоао Невес постигна еврогол во 35 минута кога Светците стигнаа до предност од 1:0.
Неизвесно беше до пред самиот крај, кога ПСЖ постигна уште два гола. Најпрво Бералдо погоди за 2:0 во 84 минута, а конечните 3:0 ги постави Витиња со погодок во 90+1 минута.