27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

ПСЖ не сака да го продаде Баркола, но ако тоа се случи, ќе тргнат по крилото на Реал

Ливерпул е фокусиран на обидот да го купи напаѓачот Александер Исак од Њукасл, а ако не успее, ќе се сврти кон крилото Бредли Баркола од ПСЖ.

Наводно во клубот од Париз не сакаат да го продадат Баркола, кој се најде во втор план по „експлозиите“ на Усман Дембеле и Дезире Дуе, кои се зацементираа како стартери на крилните позиции. Од Ливерпул уште нема официјална понуда за Баркола, но не го испуштаат од вид иако чекаат прво на Исак.

Но, во ПСЖ имаат и План Б во случај да останат без Баркола. Тогаш би се обиделе да го купат Родриго од Реал Мадрид. Судбината на Бразилецот е неизвесна во Реал, но тој засега одбива да си замине и сака да се избори за место во тимот, иако тоа ќе биде многу тешко бидејќи Чаби Алонсо планира да става по двајца напаѓачи, а тоа секако ќе бидат Мбапе и Винисиус.

- Оглас -

Најнови вести