Иако пред неколку дена беше лансирана вест дека Мбапе донел конечна одлука на крајот од сезоната да го напушти ПСЖ по истекот на договорот, денеска француските медиуми пишуваат дека управата на Светците нема намера да се предде и подготвува неверојатна понуда за напаѓачот.
Според новинарот на влијателното Радио Монте Карло, Даниел Риоло, ПСЖ подготвува понуда според која Мбапе доколку потпише нов договор, да има годишна плата од неверојатни 100 милиони евра, што е многу повеќе од сегашните 72 милиони евра кои ги заработува.
Според медиумите, понудата на Реал Мадрид изнесува бонус од повеќе од 100 милиони евра само за потпис на договорот и плата од 26 милиони евра по сезона.
„ПСЖ подготви понуда која со ништо не може да се спореди. Ќе му понудат неверојатен договор на Мбапе, тоа е плата поголема од 100 милиони евра по сезона. Вакво нешто ниту еден друг клуб нема да може да му понуди, а згора на тоа ќе има бенефиции за неговиот брат, за семејството, за сите.
Од една страна Мбапе ќе има понуда како од стариот Рим, античка Грција или египетските пирамиди, а од друга страна тоа што е нормално за Реал Мадрид, а тоа е договор вреден 30 милиони евра по сезона. Тоа е нормална плата за фудбалерите. Но, на хартија постои разлика помеѓу двете понуди каква што досега не е видена. Неверојатно е што му нуди ПСЖ на Мбапе“, објави Риоло.