ПСЖ не се плаши од никого за финансиски фер-плеј, ќе потрошат 40 милиони евра за нов играч

Иако има најави за чешлање на документите за финансиски фер-плеј и дали тој се почитува од страна на Пари Сен Жермен, клубот си продолжува со најави за високи трансфери, сега на мета е 22-годишниот Португалец, Витиња.

Играчот на Порто, кој една сезона мина во Вулверхемптон е интересен за Светците од Париз и тие се подготвени да платат за него 40 милиони евра.

Витиња има само 22 години и три настапи за Португалија.

ПСЖ по енормниот трошок за да го задржи Мбапе и вкупниот износ од околу 450 милиони евра за нов договор со него до 2025 продолжува да биде активен на трансфер пазарот, иако има сомнение дека го имаат прекршено финансискиот фер-плеј.

- Оглас -

Најнови вести