Реал Мадрид најави дека следното лето ќе се обиде да го ангажира младиот напаѓач Килијан Мбапе, но од ПСЖ преку спортскиот директор Леонардо порачаа дека немаат намера да го продадат својот голгетер дури и по цена да го загубат бесплатно во летото 2022 кога му истекува договорот. Мбапе нема да го продолжи договорот со Светците и тоа ги засилува шпекулациите околу него.
Се спомнува дека и новите газди на Њукасл би потрошиле многу пари за да го донесат, но шансите за таков трансфер се минимални, особено што катарските сопственици на ПСЖ не се трпат со саудиските ривали.
Економската криза која ќе го зафати светот во наредниот период сакаат да ја искористат од Реал Мадрид и во 2021 година, кога во клубот има претседателски избори, за „нормална“ сума да го ангажираат Мбапе. Засега од Париз немаат намера да преговараат за продажба на играчот кој на 33 меча сезонава има 30 гола и 17 асистенции.
ПСЖ го купи Мбапе за 180 милиони евра од Монако во август 2017 година.