17.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

ПСЖ нема да ја повтори грешката, Донарума ќе биде продаден

Раководството на ПСЖ нема намера да ја повтори грешката која ја направи со Килијан Мбапе и ќе го продаде Џанлуиџи Донарума пред да му истече договорот. Освојувачот на Лигата на шампионите и италијанскиот голман никако не успеваат да се договорат околу продолжувањето на договорот кој му истекува следното лето, а главна пречка е платата.

ПСЖ сака да му ја намали платата, но Донарума нема намера да се согласи на тоа и во најмала рака посакува да се задржи платата што ја има.

Како најсериозен кандидат за потписот на Италијанецот се споменува Манчестер јунајтед, кој очајно ја бара замената за Андре Онана, а планот на раководството на Црвените ѓаволи е да понуди 40 милиони евра, сума која се чини дека ќе биде прифатена од Светците.

- Оглас -

Најнови вести