ПСЖ нема гајле со финансискиот фер-плеј, и државата ќе му помогне да го задржи Мбапе

Лионел Меси е на пат за Париз и сигурно ќе биде нов играч на Пари Сен Жермен, а популарните Светци сега имаат нова мисија, да го задржат најдобриот играч, Килијан Мбапе.

Планираат и да го купат и Камавинга од Рен за кого ќе бидат потребни околу 50 милиони евра, а велат дека и тоа е остварливо, иако е објавено дека се во загуба од околу 180 милиони евра.

ПСЖ го надминува и лимитот со финансискиот фер-плеј што го одредуваат ФИФА и УЕФА, односно парите што можат да бидат искористени за трансфери на играчи.

Сепак во ПСЖ воопшто не се загрижени, бидејќи е најавена и помош од државата за да се задржи Мбапе. Франција долго чека титула во Лигата на шампионите, а дрим-тимот што го прави ПСЖ би бил голем фаворит за европската круна, па проценето е дека и државата би имала корист.

Финансискиот фер-плеј на ФИФА и на УЕФА според најавите речиси сигурно ќе се менува поради кризата со Ковид-19, па во ПСЖ се надеваат дека нема да има пречки за да ги плаќаат големите ѕвезди од калибарот на Меси, Нејмар, Мбапе, Рамос, Донарума… во следниот период.

 

 

- Оглас -

Најнови вести