Фудбалерите на ПСЖ без посериозни проблеми дојдоа до пласман во осминафиналето од Купот на Франција, откако рутински го совладаа третолигашот Орлеанс на гости со 1-4. Изненадувачки, големите ѕвезди на ПСЖ повторно се најдоа во стартниот состав, па Килијан Мбапе со два гола и две асистенции речиси сам го реши мечот.
Капитенот на „светците“ го отвори резултатот во 16-тата минута, а на 0-2 зголеми во 63-тата од пенал. На 0-3 зголеми Рамос во 73-тата минута на асистенција од Килијан Мбапе, а францускиот репрезентативец му асистираше и на Мајулу во 88-мата минута за 1-4.
Почесниот погодок за домашната екипа беше дело на Сен-Раф во 86-тата минута.