Фудбалерите на ПСЖ лесно стигнаа до пласман во 1/16-финалето од Купот на Франција, откако го совладаа шестолигашот Ревел на гостински терен со 0-9. Во составот на „светците“ на големо изненадување на сите се најде и Килијан Мбапе, кој немаше милост кон противникот и постигна хет-трик.
ПСЖ прашањето околу победникот го реши уште после првото полувреме, кое го доби со убедливи 0-4. Освен Мбапе, во листата на стрелците се запишаа и Асенсио, Рамос, Ндур и Коло Муани кој постигна два погодоци, додека еден гол беше дело на домашниот фудбалер Нгесан кој си постигна автогол.