Пари Сен Жермен не успеа да го урне бункерот на Лориен и одигра само 1-1 против тимот кој е трети од долу на табелата во француската лига.
За европскиот првак ова е трето реми во последните четири кола, но остана лидер на табелата, благодарение на киксот на Ленс кој загуби 0-2 од последниот Мец за кого ова е прва победа сезонава. Да победеше Ленс, ќе беше прв, но прими два гола во финишот и претрпе болен пораз.
За ПСЖ има и друга лоша вест освен што не победи. Им се повреди Дезире Дуе кој мораше да излезе од игра на половина час пред крајот. Од друга страна, им се врати Жоао Невеш кој немаше играно од 17-ти септември.


