Францускиот шампион Пари Сен Жермен размислува да го ангажира голманот на Лил, Лукас Шевалие, објави угледниот француски „Л’Екип“. Според изворот, преговорите со играчот се во напредна фаза, а клубот бара 40 милиони евра за трансферот.
Спортскиот советник на парижаните, Луис Кампос, го предложил 23-годишниот Французин, бидејќи добро го познава од неговото претходно работење во клубот од истоимениот град.
Минатата сезона Шевалие настапи на сите 34 натпревари во Лига 1 и успеа да сочува 11 чисти мрежи.
Очекувањата се дека голманот би можел да стане сериозна конкуренција на првиот чувар на мрежата, Џанлуиџи Донарума.
Договорот на Италијанецот истекува на крајот на сезоната 2025/26 и останува да се види дали клубот ќе го продаде сега или во зимскиот преоден рок доколку не биде постигнат нов договор, бидејќи во спротивно следното лето би можел да замине како слободен играч.