18.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

ПСЖ оди по реванш против Лајпциг, Челзи може да биде првиот осминафиналист

(6002) Рен  – Челзи (18:55ч)

Челзи и Севилја од групата Е може да бидат првите два осминафиналсти во ЛШ доколку вечерва издвојат победи на гостувањата кај Краснодар, односно Рен. Сините лесно го поминаа првиот предизвик против францускиот дебитант со 3-0 дома, а според моменталната форма на екипата на Френк Лампард, вечерва триумф на гостите со повеќе погодоци е многу извесен.

Рен е во серија од три порази во сите натпреварувања, додека Челзи запиша пет последователни победи во кои прими само еден гол, а просечно реализираше по три гола. Кај гостите ќе недостасува само Пулишиќ, но неговата позиција може лесно да се покрие со летните засилувања, како на пример Тимо Вернер, кој е во одлична форма од октомври наваму.

Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.88)

 

(6008) ПСЖ – Лајпциг (21ч)

Победа е единствената опција за ПСЖ доколку европскиот вицепрвак сака да ги одржи во живот шансите за пласман во нокаут-фазата. Затоа целта на Светците е реванш против Лајпциг по поразот од 2-1 во претходното коло. Меѓуто, тоа нема да биде лесна мисија за Томас Тухел поради фактот што не може да смета на неколку првотимци, како Икарди, Верати, Кимпембе, Геје, додека Нејмар има шанси да биде во стартните 11-мина откако изминатиот викенд се врати на терените во поразот од Монако по пауза од речиси еден месец.

Лајпциг е во променлива форма со две победи, два порази и реми во претходното коло против Ајнтрахт во Бундеслигата, што значи дека екипата на Нагелсман ќе мора да игра на највисокото можно ниво за да избегне разочарување во Париз.

Предлог тип: ГГ4+  (2.22)

 

(6007) Манчестер јунајтед – Башакшехир (21ч)

Иако Црвените ѓаволи се лидери во групата Х, поразот од Башакшехир во Истанбул им ги помати сметките околу пласманот во нокаут-фазата. Јунајтед има шест бода по три средби исто колку и Лајпциг, а за да нема тресење во наредните и последни две кола од групната фаза, тимот на Оле Гунар Солскјер мора да ја оправда фаворитската улога на „Олд Трафорд“.

Јунајтед изминатиов викенд со мачење и еден решавачки гол од пенал славеше против ВБА, а таква игра нема да биде доволна да се надигра турскиот првак. Во полза на домаќините е формата на Башакшехир, односно поразите во контролката против Истанбулспор и во дербито против Бешикташ несомнено е дека ранливоста мора да се искористи.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.70)

 

(6003) Борусија Дортмунд – Клуб Бриж (21ч)

Милионерите се на добар пат како првопласирани да ја освојат групата Ф и да бидат меѓу 16-те екипи кои наредната пролет ќе играат во ЛШ. Поразот од Лацио во првото коло е заборавен по победите без примен гол против Зенит и вечерашниот противник Клуб Бриж.

Ако се земе предвид дека Дортмунд во голем стил славеше победа во Берлин против Херта со 5-2 во претходното коло во Бундеслигата, на белгискиот претставник не му се пишува добро на „Сигнал Идуна парк“. Во меѓусебните дуели против Бриж одиграни во рамките од ЛШ, Дортмунд има биланс од 3-1 во победи, а се памети и едно реми, но вечерва тој биланс ќе биде подобрен.

Предлог тип: 1 & 3-5 (2.12)

 

(6006) Лацио – Зенит (21ч)

И двете екипи се мачат со повреди, а особено ослабен е Лацио поради отсуствата на клучни играчи, како Милинковиќ-Савиќ, голманот Стракоша и Лулиќ. Сепак, Лацијалите се фаворити со оглед на тоа дека играат на домашен терен, а воедно се непоразени во седум меча, од кои четири ги добија.

Зенит во овој меч ќе влезе со два победи и две ремија, како и еден пораз во последните пет меча, а големи се шансите и по четири кола во ЛШ да не запише прв триумф.

Предлог тип: 1X & 2>1 (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести