ПСЖ остана без една од ѕвездите дури до февруари

Младата ѕвезда на ПСЖ, Дезире Дуе, ќе биде надвор од терените во наредните неколку месеци, пренесува „Л’Екип“. Напаѓачот добил мускулна повреда и се очекува да се врати дури во февруари.

Дезире Дуе беше изнесен на носилки од теренот за време на натпреварот против Лориен, кој заврши 1-1, од француската Лига 1.

Ова е втора повреда за Дуе оваа сезона откако го пропушти целиот септември поради повреда на глуждот. Сега ќе мора да паузира и многу подолго.

- Оглас -

Најнови вести