Пари Сен Жермен се соочува со сериозен проблем на голманската позиција пред осминафиналниот дуел со Ница од Купот на Франција, кој треба да се игра в понеделник.
Џиџи Донарума има повреда и ќе мора да паузира уште десетина дена. Кејлор Навас наредната недела ќе биде со националниот тим на Костарика. Серхио Рико беше позајмен во Мајорка, а третиот голман Александре Летелие е повреден.
Ова значи дека тренерот Маурисио Покетино за средбата со Ница ќе мора да ги користи младинците Денис Франки и Лукас Лавалe. Ниту еден од нив досега нема дебитирано за првиот состав на Светците.