ПСЖ останува без уште една мегаѕвезда: Нејмар пред сензационален трансфер

Најскапо платениот играч во светот, Нејмар, е пред сензационален трансфер.

Според одредени медиуми, тој ја игра последната сезона во Пари Сен Жермен, а негова желба е да игра во Манчестер јунајтед.

Тој пред неколку месеци изјави дека желба му е да игра во Премиер лигата, а по неколку години во Франција, тој е подготвен да бара нов предизвик.

Како што е познато, во 2016 година Нејмар од Барса премина во редовите на ПСЖ во трансфер вреден над 300 милиони евра, со што тој стана убедливо најскап играч на планетава.

Иако тој во мај потпиша нов договор, кој го врзува до 2025 година, сепак, некои работи се променија, а можеби и најавеното заминување на Килијан Мбапе наредното лето го натера Нејмар на ваква одлука.

- Оглас -

Најнови вести