6000 Челзи – ПСЖ (21:00)
Централниот фудбалски настан денес ќе биде финалето на Светското клупско првенство помеѓу Челзи и ПСЖ. „Светците“ после освојувањето на Лигата на шампионите, го сакаат и трофејот од клупскиот Мундијал за да испишат историја и да ги обединат сите трофеи, а Челзи како предизвикувач иако има мали шанси, сепак не е без шанси. Сепак, традицијата е на страната на ПСЖ. Последните два меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со победи на ПСЖ од по 2-1, а ако не ја сметаме победата на пенали во 2015 година, тогаш „сините“ ги немаат совладано „светците“ уште од 2014 година, што е само една од двете победи, откако славеа и во сега веќе далечната 2004 година.
Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.11)
2436 Клуж – Униреа (20:30)
Новата сезона во првенството на Романија започна викендов, па дуелот на Клуж и Униреа е прв и за двете екипи. Домашните минатата сезона беа вицешампиони, додека гостите се спасија од испаѓање во баражот и тоа преку пенали, па сосема е очекувано дека Клуж е фаворит на овој меч. Минатата сезона Клуж ја победи Униреа на домашен терен со убедливи 3-0.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.09)
2608 Хакен – Халмштад (18:30)
Хакен и Халмштад се наоѓаат во средината од табелата во првенството на Шведска, но се многу поблиску до долниот, отколку до горниот дел, па токму затоа најсигурната варијанта е да се одигра на голови. Три од последните четири меча на овие две екипи завршуваа со по најмалку три гола, па имаше резултато од 4-2, 3-2 и 3-0. Нешто слично се очекува да биде и вечерва.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.76)
2506 Розенборг – Хам Кам (17:00)
Розенборг е далеку од врвот на табелата во норвешкиот фудбал, но со моменталното петто место се чини дека нема да има проблем да се избори за пласман во фудбалска Европа. Нивниот противник, Хам Кам, води битка за опстанок, па очекувано е домашните да бидат фаворити. Розенборг победуваше на последните два меча против Хам Кам и тоа без да прими гол, а по најмалку два гола имаше на 13 од последните 14 меѓусебни дуели на овие две екипи.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.30)
2508 Бран – Викинг (19:15)
Во дербито на колото во норвешката Елитсериен, првопласираниот Викинг му гостува на вториот Бран, па затоа овој меч најдобро е да се одигра на голови. Мечевите на Викинг се најефикасни во првенството, па на 15 натпревари биле постигнати дури 56 гола, што е блиску до просек од четири гола по натпревар. Во меѓусебните натпревари, на последните 15 секогаш имало по најмалку два гола.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.84)