Францускиот првак Пари Сен Жермен го претрпе вториот пораз во домашното првенство сезонава и тоа едно по друго. ПСЖ загуби на гостувањето кај Стразбур со 2:1 во меч од 33 коло на француското првенство.
Уште во првото полувреме Стразбур даде два гола и стигна до неочекувано високо водство против шампионот. Во вториот дел, Светците постигнаа еден гол, но не се спасија од пораз.
ПСЖ откако ја освои титулата, во последните три кола има освоено само еден бод. Стразбур со оваа поведа е на чекор од пласман во Лига на шампиони.