3148 Карловац – Динамо З. (17.00 часот)
Во овој осминафинален меч од Купот на Хрватска, гостите од Загреб се огромни фаворити и сензација би било ако испаднат од второлигашот, кој убедливо елиминира два тима за да дојде до оваа фаза. Овие два тима последен пат се сретнаа во 2019 година, исто така во Купот и резултатот беше 7-0 за Модрите. Карловац е на второ место во втората, а Динамо е на втора позиција во првата хрватска лига. Динамо има само една победа на последните пет официјални мечеви во сите натпреварувања.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.08)
6271 Јувентус ж. – Лион ж. (18.45 часот)
Девојките од Јуве сезонава во ЛШ одиграа три меча и на сите или победуваа или губеа со резултат 2-1. Лион има три победи и максимални 9 бода и секогаш даваше барем два гола. Лион има огромна серија од 17 победи по ред, вклучувајќи ги и пријателските мечеви, последен пат загубија во април од Арсенал во полуфиналето на ЛШ. Последните два меѓусебни дуела на овие тимови беа во 2022 и завршија нерешено, а лани во пријателски меч Лион победи со 4-2.
Предлог тип: 2 & 2-4 (1.84)
9093 ПСЖ – Барселона (20.45 часот)
Иако и ПСЖ има тим полн со скапи ѕвезди, сепак во овој дуел од ракометната ЛШ големи фаворити се гостите од Барселона. ПСЖ има само три победи во седум кола, додека Барса има шест победи и пораз единствено од Магдебург во септември. Парискиот тим веќе девет години нема победа против Каталонците. Последен пат се сретнаа во четвртфиналето од минатата сезона, кога Барса ги доби двата меча.
Предлог тип: 2 & <63.50 (2.35)
6802 Арсенал ж. – Реал Мадрид ж. (21.00 часот)
Лондонскиот тим е актуелен европски првак, но не блеска на стартот на сезонава, има само три бода по првите три кола. Реал нема пораз, собра седум бода во првите три меча и ова ќе им биде сериозен тест. Квотите велат дека Арсенал е голем фаворит. Во минатата сезона Арсенал го елиминира Кралскиот клуб во четвртфиналето, со вкупна гол-разлика 5-0. Сега на шпанскиот тим му останува да покаже дека напредувал, но нема да биде лесно, викендов загубија 0-4 од Барселона и не се баш со голема самодоверба.
Предлог тип: 1Х & ГГ (1.89)
4242 Палмеирас – Виторија (23.30 часот)
Палмеирас има два порази по ред во бразилската Серија А и таа црна серија мора да заврши вечерва. Сега Палмеирас е втор со три бода помалку од Фламенго. Виторија е 17-та, се бори за опстанок и освои четири бода во претходните две кола, што укажува дека не се предаваат и ќе пробаат да го изненадат и големиот фаворит. Во август, кога играа на стадионот на Виторија, средбата заврши 2-2, а пред тоа во јули Виторија победи како гостин со 2-0.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.11)

