28.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

ПСЖ победи, но остана без Кварацхелија, Бералдо и Ли (Фото)

Со два гола на Бредли Баркола, актуелниот француски и европски првак Пари Сен Жермен го совлада Ленс со 2-0 во меч од француската Лига 1.

ПСЖ е перфектен со 12 бода од четири меча, рано најавува дека оди кон нова титула, но тренерот Луис Енрике има големи проблеми, особено што за два дена почнува Лигата на шампионите, а тие за три дена играат со Аталанта. Листата на повредени на која им беа Усман Дембеле, Дезире Дуе и Фабијан Руиз, денеска се прошири со Хвича Кварацхелија, Лукас Бералдо и Канг-ин Ли.

Грузиецот доби силен удар во листот на ногата, фаул за кој противничкиот играч доби само жолт картон. Еве како изгледаше ногата на Кварцхелија пред да побара да биде заменет.

Тој барем сам успеа да го напушти теренот, а централниот дефанзивец Бералдо беше изнесен на носила откако се повреди.

- Оглас -

Најнови вести