22.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

ПСЖ победи, но во фокусот е промашениот пенал на Дембеле (Видео)

Пари Сен Жермен стигна до втората победа во второто коло од француското првенство. Светците на ист начин како во првото коло против Нант кога даде само еден погодок за победа, вечерва славеше над Анже.

Шпанецот Фабијан Руиз беше стрелец на единствениот гол, откако погоди во 50 минута, што на крајот се покажа како доволно за победа на ПСЖ. Освен погодокот на Руиз, мечот го одбележа промашениот пенал на Усман Дембеле.

Првата ѕвезда на ПСЖ во 27 минута ја презеде одговорноста да го шутира пеналот, но неговиот удар заврши далеку од голот на гостите.

- Оглас -

Најнови вести