ПСЖ подготвува нов договор за Меси

Пари Сен Жермен наводно подготвува нов договор за Лионел Меси, односно обновување на актуелната соработка до јуни 2024 година. Аргентинската мегаѕвезда лани потпиша двегодишен договор со Светците со клаузула истиот да биде продолжен на уште една сезона, која по сите изгледи ќе биде активирана.

Намерата веќе е соопштена на претставниците на Меси, но засега нема одговор. Меси ќе го чека Светското првенство во Катар, односно по настапот со својата Аргентина ќе одлучи дали ќе остане во Градот на Светлината.

Во дебитантската сезона во дресот на ПСЖ, Меси запиша 34 настапи во сите натпреварувања со учинок од 11 гола и 15 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести