ПСЖ подготвува „одмазда“ за Мбапе, ќе му „украде“ на Реал млади фудбалери од академијата

Пари Сен Жермен сè уште не закрепна целосно од заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид без отштета, а правните битки со големи финансиски износи сè уште се во фокусот меѓу напаѓачот на Реал и управата на францускиот шампион, пишува „Марка“.

Најдобриот начин да го остават зад себе тоа што се случи со францускиот репрезентативец е да му возвратат на Реал Мадрид, истакнува влијателниот шпански медиум. ПСЖ сега ја истражува можноста да доведе некој од талентите на академијата на Реал Мадрид.

Оваа сезона многу млади играчи добија шанса да се докажат во првиот тим на Реал, а некои од нив веќе го убедија Карло Анчелоти. Проблемот е што тие привлекоа внимание не само во „Валдебебас“, туку и надвор од него. Тука во приказната влегува ПСЖ, кој има намера да „украде“ некој од талентите на Реал.

Потезите на францускиот тим околу „Ла Фабрика“ се веќе почувствувани и предизвикаа аларм во Мадрид. Неколку млади играчи од академијата се во фокусот на стручњаците на ПСЖ, а Реал Мадрид е свесен за сè, додава „Марка“.

Најмногу се истакнал Брајан Бугарин, кој само неколку дена по завршувањето на Ал-Кас купот во Доха го потпиша својот прв професионален договор со Реал Мадрид само на 16 години. Тој беше избран за најдобар играч на турнирот, а челниците на Реал знаат дека не можат да си дозволат да ризикуваат со неговата иднина, особено затоа што претходно играл за Селта.

Финалето на турнирот се играше меѓу Реал Мадрид и ПСЖ. Иако Французите ги победија мадриѓаните во претходната фаза, во одлучувачкиот натпревар триумфираше Реал. Изненадувањето дојде кога Насер Ал-Келаифи по мечот влезе во соблекувалната и им честиташе на играчите од двата тима. Неговите потези сега се под лупа.

- Оглас -

Најнови вести