Управата на ПСЖ се помири со податокот дека нивната најголема ѕвезда, Килијан Мбапе, по завршување на сезоната ќе си замине како слободен играч и ќе потпише за Реал Мадрид, но веќе подготвува одмазда за Кралеците.
Според француските медиуми, ПСЖ пред нос ќе им го украде веќе виденото засилување на Кралевите, Лени Јоро.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес и неговите соработници веќе подолго време ги следат настапите на играчот на Лил, Лени Јоро и подготвуваат понуда за него во летниот преоден рок. Станува збор за екстра талентиран дефанзивец на кого му се предвидува голема кариера.
Но, според медиумите, ПСЖ се наоѓа во пол-позиција за купување на 18-годишниот фудбалер и според нив, првиот човек на Светците, Насер Ал-Келаифи е подготвен буквално на сè, само за да не ја загуби битката со Кралевите.