15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

ПСЖ покажа сила против Реал и ќе игра во финалето на Светско клупско првенство (Видео)

Пари Сен Жермен ќе биде противникот на Челзи во финалето на Светското клупско првенство. Францускиот првак ПСЖ местото во финалето го обезбеди откако со 4:0 го победи Реал Мадрид во меч кој требаше да биде дерби на турнирот.

Сите дилеми околу победникот беше решен во првите 25 минути. ПСЖ започна фуриозно и со головите на Флавијан Руиз во шестата и на Усман Дембеле во деветата минута стигна до водство од 2:0. Ова е прв пат од февруари 2018 година, Реал да прими два гола во почетните 10 минути.

ПСЖ постигна и трет гол и тоа во 24 минута кога повторно прецизен беше Руиз. За тоа колку беше инфериорен Реал посебно во првиот дел, покажува и фактот дека Кралкиот клуб имаше само 96 прецизни додавања во првите 45 минути од мечот.

Во вториот дел, ПСЖ го намали темпото на игра и францускиот тим рутински ја задржа предноста, а во финишот, односно во 87 минута гол даде и Рамос за конечни 4:0.

- Оглас -

Најнови вести